ВИДЕО: Ќе се одржи тениски турнир „КУМАНОВО ОПЕН 2025“

Педесетина тенисери од цела Македонија (аматери и полупрофесионалци) од 18 до 21 септември ќе бидат дел од тенискиот турнир „КУМАНОВО ОПЕН 2025“.  

Организатор на спортскиот настан во Куманово е тенискиот клуб Confident Tennis, кој што успешно го промовира тенисот последните четири години, односно од основањето.

Целта, како што истакнаа организаторите е промоција на тенисот, спортски дух и афирмација на Куманово како спортски центар.

Турнирот кој што е поддржан од бизнис заедницата ќе се одржи на тениските терени кај спортската сала.