ВИДЕО: 33 години ОК ВМРО ДПМНЕ во Куманово

Под мотото „ 33 години исполнети со ВМРО ДПМНЕ “ викендов во Занаетчиски дом беше одбележана годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

За резултатите на општинскиот комитет во текот на изминатата година говореше претседателот Бобан Николовски, а пред присутните се обрати и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во пресрет на 23 октомври –  Денот на македонската револуционерна борба, кога е формирана ВМРО на партиската прослава говореше и Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј.

На свеченоста постхумно беа доделени благодарници на тројца нивни членови кои што прерано го загубија животот, Роберт Павлевски, Дејан Гроздановски и Зоран Стојановски, кои беа врачени на нивните семејства.

Коментари

коментар(и)