(ВИДЕО) Comodita Home донираше душеци во вредност од над 2 милиони денари

Comodita Home, најголемиот малопродажен ланец за производи за домот, денес пред Пунктот за бездомници во Момин Поток донираше душеци за Црвен Крст на Град Скопје, во вредност од над 2 милиони денари.

Comodita Home со оваа хуманитарна донација за Црвен Крст на Град Скопје, успешно ја завршува својата мисија под мотото „Секој сон е важен“ ! „Годинава како општествено одговорна компанија, помогнавме со донации на повеќе здравствени установи во земјава, клиники, здравствени домови, а 2021 година ја завршуваме токму со денешнава донација на социјално загрозените граѓани и лица во ризик, приматели на помош од Црвен Крст на Град Скопје“, посочуваат од компанијата.

На средбата, пред присутните новинари се обрати Харитон Гаџоски, претставник од Comodita Home, кој потенцираше дека компанијата донациите ги направила со големо чувство на општествена одговорност и посочи со која динамика се одвивале сите хуманитарни настани, предвидени и остварени за 2021-та година.

„Со донациите почнавме на Детска Клиника Козле, а потоа дониравме во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, Градската Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски а минатиот месец направивме донација и на  ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Притоа, помагавме преку соработка со Општините и на социјално загрозени граѓани, во детски домови, ковид центри, болници и секаде каде оценивме дека компанијата треба хумано да делува. Вкупната донација на Comodita Home на сите овие установи е над 1500 душеци, во вредност од над 100 000 евра“, рече Харисон Гаџоски, претставник на Comodita Home

„ Денешнава донација за нас и за сите наши корисници, за сите наши граѓани ,сограѓани навистина е едно хумано дело, кое што сигурни сме дека ќе помогне во ублажување на потребите. Оваа донација е само една од низата кои што вие ги споменавте, меѓутоа кое што зборува за вас како општествено одговорна компанија и многу често нагласуваме дека треба повеќе да зборуваме за ваков тип иницијативи, помош, поддршка“, рече Александра Ристовски од Црвен крст на Град Скопје

Comodita Home најавува и во Новата 2022 година многу нови успешни хумани проекти! Имено, Comodita Home ќе продолжи со своите општествено одговорни постапки и ќе биде и понатаму пример за сите останати компании со своето хумано дејствување.

Коментари

коментар(и)