Владата со јавен повик за инфраструктурни проекти за општините

Министерството за локална самоуправа го објави јавниот повик за инфраструктурни прoeкти за општините. До крајот на годинава на располагање од централниот буџет се ставаат 100 милиони евра, а вкупно од државнито буџет за развој и подобрување на условите ќе бидат дадени 250 милиони евра. Парите ќе се префрлаат на посебна наменска сметка на локалните самоуправи за изградба на нови градинки, училишта, улици, булевари, канализација, но по доставени фактури за реализација на прокетите. До крајот на месец септември се очекува да заврши пријавувањето и процесот на евалуација, и од месец октомври средствата, како што посочи министерот за локална самоуправа Златко Перински, да бидат оперативни. Откако ќе заврши евалуацијата, 6 -те ресорни министерства, преку кој ќе се даваат парите, ќе треба да изготват предлог одлука кои проекти ќе се финансираат, и потоа истите да бидат одобрени од Владата, а целиот процес ќе биде следен од владино координативно тело.

 

Коментари

коментар(и)