ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинува за зимското оддржување
Заблагодарувајќи се на новинарите за нивната пожртвуваност да го снимаат пресот на ОО на ВМРО-ДПМНЕ, додека како што наведоа, градоначалникот го спие зимскиот сон – Игор Божиновски го критикуваше односот на локалната самоуправа кон зимското оддржување на улиците. Тој запраша и дали фирмата што е задолжена за проодност на патиштата до и од градот, а што го зеде тендерот оваа година, ќе понесе одговорност за жестоките реакции од граѓаните дека повторно сите се изненадени од снежните наноси во сред зима.