Водовод: Планирани интервенции на Водостопанство од денеска може да го намалат притисокот на вода

-Поради потреба за отпочнување на сезоната на наводнување 2025 година, АД Водостопанство, подружница Кумановско – липковско поле –  Куманово, достави известување дека ќе го намали дотурот на сирова вода до Фабриката за преработка на вода поради санирање на дефекти и монтажа на шибер вентили.  Дотурот на сирова вода ќе биде прекинат преку 4-та грана ( Бај-Пас), информираат од Јавното претпријатие „Водовод“

Ова е можно да доведе до намален притисок или недоволен дотур на вода во градот.

– За време на изведување на планираните работи од страна на АД Водостопанство, Подружница Кумановско – липковско поле – Куманово,  потрошувачите од повисоките делови на градот можно е да се соочат со намален притисок или недоволен дотур на вода, додаваат од Јавното претпријатие.

Екипите на АД „Водостопанство, Подружница „Кумановско  -липковско поле“ –Куманово ќе започнат со работа денеска (05.05.2025 година).

– Ги молиме граѓаните за трпение, како и избегнување ненаменска  потрошувачка на вода за цели за кои таа не е наменета, стои во соопштението на „Водовод“.

По завршување на планираните работи, како што се додава во соопштението, дотурот на сирова вода повторно ќе биде нормализиран.