Осумдесет и тригодишна кумановка е најнова жртва во измамите со лажни сообраќајни незгоди, при што останала без 10.000 евра.
Според пријавеното, најпрвин на 10.12.2023 и се јавило лице што и кажало дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода во Република Србија ѝ била потребна одредена сума на пари за да се изврши операцијa и дека наскоро ќе ѝ се јави лекарот да се договорат за износот на опeрацијата. Набргу се јавило лицето и откако се договориле ги оставила парите пред влезната капија во нејзиниот двор.
Исто така, според пријавеното, откако се слушнала со нејзината ќерка, која и кажала дека е добра, сфатила дека е измамена.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.
