Волонтери на општинската организација на Црвениот крст денеска спроведоа бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и притисок во домот за стари лица „Зафир Сајто“. Активноста е во рамките на одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица од 20 до 26 –ти ноември.
Неделата за грижа на стари лица се одбележува под мотото ” Сите сме нивни деца”, а целта е да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, и нивната потреба за грижа и помош, изјави Сара Милковска, волонтер во Црвен крст, Куманово
Активностите на Црвениот крст продолжуваат и во текот на утрешниот ден со бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта и притисок на градскиот плоштад во девет часот и 30 минути, а во просториите на здружението за пензионери ќе се одржи шаховски турнир и креативни работилници помеѓу волонтерите од Црвениот Крст и пензионерите.
Во рамки на одбележувањето на Неделата за грижа на старите лица предвидени се и едукативни здравствени предавања на повеќе теми, наменети за членовите на локалното здружение на пензионерите.