Во Бедиње утре ќе се организира еколошка акција

Утре ќе се организира еколошка акција во Бедиње. Волонтери од здружението „Кумановски акцијаши“ заедно со месното население на оваа населба ќе го уредуваат просторот на потегот од фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ  „ 11 Октомври“ кон градот. Волонтерите ќе косат трева и ќе ги кројат дрвјата покрај патот за да обезбедат патека за движење на пешаците бидејќи тротоари на улицата нема.

Акцијата ќе започне во 09 часот пред Дирекцијата на ФЗЦ, а е поддржана и од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)