Во Куманово изградени над 20 километри секундарна гасоводна мрежа

Колку напредува Куманово кога е во прашање гасоводната мрежа и дали предвидените 8 милиони денари за оваа година ќе бидат доволни? Во секој случај градоначалникот извести дека во изминатиов период во општината се изградени над 20 километри секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа.

– Дополнително оваа година ги зголемуваме субвенциите за приклучок на домаќинства на гасоводната мрежа за 50 проценти со што ги стимулираме граѓаните да започнат со користење на природен гас како економичен извор на енергија и да придонесат во заштита на животната средина – вели градоначалникот Максим Димитриевски.

Коментари

коментар(и)