Во Куманово се бараат 59 реонски попишувачи

Државниот завод за статистика го објави третиот дополнителен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи, кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.

Во Куманово се бараат 59 реонски попишувачи, од кои 49 на македонски јазик, тројца на турски и седум на српски јазик.

„Апелираме до сите заинтересирани лица да се пријават на конкурсот и на тој начин да придонесат во креирањето на сопствената иднина. Врвен приоритет на Државниот завод за статистика, покрај успешното спроведување на оваа најважна статистичка операција, е и нејзино безбедно спроведување од здравствен аспект. Уверуваме дека со доследно почитување на Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот, нема ризик од заболување. Исто така, за ангажманот лицата ќе добијат солиден надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија“, соопштуваат од Државен завод за статистика .

Конкурсот ќе трае само два дена, односно од 18 до 20 март.