Во Куманово 116 хоспитализирани пациенти од Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни или суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Куманово има 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Треба да се земе во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1448 а во Ковид центрите има уште околу 270 празни болнички кревети.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има  увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.