Во пожар на „Народна Револуција“ изгореа неколку возила

Во пожар на улицата „Народна револуција“ изминатиот викенд биле опожарни неколку возила. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, од запалена сува трева пожарот се проширил на плацот во близина на кој биле паркирани повеќе возила, патнички и товарни, во сопственост на неколку фирми.

Во пожарот биле опожарени патнички возила „форд мондео“ и „сеат кордоба“, автобус „санос“, минибус „ивеко“, товарно возило „застава“, автобус „ТАМ“, товарно возило „пежо“ и приколка за возила, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.