Во Средорек приведени скопјани барани по централни потерници

МВР соопшти дека вчеравечер пред полноќ во Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово лишиле од слобода), двајца скопјани  кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. Едниот бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Другиот скопјанец бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.

 

Коментари

коментар(и)