Во тек е пријавувањето за изложбата „Самоуки 2025“

НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ги повикува сите неакадемски уметници од ликовна уметност да се пријават на конкурсот за манифестацијата „Самоуки 2025“.

Повикот е веќе отворен, апликациите ќе се примаат до 30 мај, а изложбата ќе се одржи на 12 јуни.

„Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од Oпштина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи најмногу, со три дела по сопствен избор. Темата е слободна, како и техниката, а секое дело треба да е спремно за закачување“, стои во објавата на Центарот за култура.

Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела.

Изложбата е дел од годишната програма на институцијата.

Минатата година беа изложени 40- тина дела од 22 автори.