Во Центарот за култура вечерва изложба на инсекти преку уметнички фотографии

Во фоајето на Центарот за култура вечерва во 19 часот и 30 минути ќе биде отворена изложба на инсекти преку уметнички фотографии организирана од здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус.

На изложбата ќе бидат изложени 30 колор макро фотографии на професионалниот фотограф Џеки Панхујзен од Белгија.

Темата на изложбата е чудесниот свет на инсектите, нивниот биодиверзитет, меѓусебните интеракции, интеракциите со растенијата, животните и човекот, влијанието и значењето на инсектите во природата, но и за човекот.

Изложбата е поддржана од општина Куманово, преку програмата за поддршка на културни манифестации за 2024 година, а истата е под патронат на Фото сојуз на Македонија.

„На 19 септември (четврток) ќе биде отворена изложба на Владимир Георгиевски, еден од нашите најпознати македонски современи автори. Ја повикувам публиката да дојде и да присуствува на изложбата во фоајето на Центар за култура на 19 септември во 19 часот“, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК  „Трајко Прокопиев“.

 

Коментари

коментар(и)