Генералка викенд и во Куманово

На 09, 10 и 11 мај, по петти пат ќе се организира најголемата годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска акција од граѓаните за граѓаните),

Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина. Над 20.000 волонтери ќе чистат на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјава, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, локални и урбани заедници, градинки, училишта, факултети, волонтери и национални паркови.

Во Куманово на деветти мај со почеток во 10 часот ќе започне акцијата за почиста и поздрава средина кај градскиот базен и спортската сала.