ВИДЕО: Гзим Кадриу поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на ЈП „Пазаришта“
Гзим Кадриу поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на јавното претпријатие „Пазаришта“, иако неговиот менаџерски договор е со важност до 27 ноември 2027 година. Кадриу е потпретседател на Алијансата на Албанците.
Во отвореното писмо објавено на социјалните медиуми, меѓу останатото се вели:
-Се чувствувам горд на мојата работа во овој период, како директор што постапував достоинствено, професионално, одговорност, финансиска транспарентност, без злоупотреба и без случај на корупција. Достоинствено ја претставував Алијансата за Албанците како сериозна партија, не само пред општинските институции, туку и пред сите граѓани на Куманово.
Инаку, Кадриу на последната редовна седница на Советот го презентираше тримесечниот финансиски извештај на ЈП „Пазаришта“, кој покажа загуба од 1.300.000 денари, која според директорот е резултат на зголемувањето на платите.