Гимназијалката Ана Цветковска – второ место на Државниот натпревар по математика

Ученици од Гимназијата „Гоце Делчев“ постигнаа солидни резултати на Државниот натпревар по математика за средни училишта кој неодамна беше организиран на Природно – математичкиот факултет во Скопје.

Најуспешна од кумановските гимназијалци беше Ана Цветковска од 1-2 клас, која освои втора награда, под менторство на професорот Филип Младеновски.

Илина Арсовска од 2-2 клас, под менторство на професорката Валентина Каранфиловиќ се здоби со пофалница, а успешно учество на натпреварот имаа и Ѓорѓи Златевски од 3-2 клас и Богдан Симоновски од 3-1 клас, под менторство на професорката Александра Арсовска.

Наградените на Државниот натпревар по математика продолжуваат на Македонската математичка олимпијада.