Гимназијалци и основци од „Браќа Рибар“ се пласираа на државни спортски натпревари  

На втори април годинава во Штип во организација на ФУСМ се одиграа регионалните натпревари во ракомет (машки) за средни училишта – регион  Исток.

– По одигрувањето на натпреварите најдобра беше екипата на Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово под менторство на професорот Зоран Ивановски, која продолжува на државните натпревари како претставник од регионот Исток – соопштија од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Уште една информација од спортот.

ООУ „Браќа Рибар“ од кумановско Табановце е победник на регионалниот натпревар во футсал – женски, и се пласираа на државен натпревар, под менторство на професорот по физичко и здравствено образование Кирил Пачковски,  објави Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово.