На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) деновиве се одржа „РобоМак Јуниор 2022“, односно натпревар по роботика. Натпреварот имаше две категории во кои учествуваа кумановски гимназијалци од четврта година.
Во категорија 1-автономна мобилна роботика, зедоа учество Александар Милошевски од IV-2 клас и Милош Јакимовски од IV-1 клас, а во категорија 2-паметна електроника за автономни возила учествуваше Стефан Марковиќ од IV-1 клас.
Во финалето во категорија 1, Александар Милошевски со неговиот тим освои трето место, а во категорија 2 тимот на Стефан Марковиќ освои второ место.