Градоначалникот се сретна со претставници на Мисијата на ОБСЕ
Во Општина Куманово се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Максим Димитриевски и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лука Сасо и Наташа Нанковска од Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, кои ја следат работата на нашата Општина.
На состанокот се разговараше за актуелни проекти на национално ниво, за постоечките политички односи, нивното влијание врз работата на градоначалникот на Општината и предизвиците со кои се соочува во вториот мандат. Беше нагласена континуираната позитивна соработка меѓу двете страни и беа изложени планови и активности за 2023 година, кои ги презема Мисијата на ОБСЕ, во интерес на граѓаните на Општина Куманово.