Од седми до десетти мај годинава ќе се одржи седмиот по ред „Графити фест“ во организација на здружението „Форма“.
Уметници од Македонија, но и од повеќе европски држави годинава во близина на Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе цртаат графити и мурали на слободна тема.
Повеќе детали за меѓународниот фестивал од изјавите на организаторите Дејвид Стоилковски и Горан Стојанов од здружението „Форма“.
