Граѓаните генерално се информирани и знаат што работат општините, но не се вклучени во заедничко донесување на одлуките покажуваат резултатите од анализата на постоечките практики на консултација со граѓаните во процесот на креирање политики на локално ниво, изработена од Фондацијата за развој на локалната заедница. Во Куманово денеска се организираше дебата на која беа презентирани резултатите од анализата на ниво на североисточниот регион, во рамките на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“.
-Сите тие препораки понатаму ќе бидат составени во форма на документ за јавна политика кој што ќе биде доставен до надлежните институции пред се до министерството за локална самоуправа но и до секоја од општините како и идеја за размислување за институционализирање на механизмите кои што се најсоодветни за граѓанско учество. Анализата ги следеше перцепциите на тоа колку граѓаните сметаат дека се вклучени , дали учествуваат итн. и генерално општ заклучок е дека на ниво на информирање резулатите се на некој начин задоволителни , граѓаните знаат што работи општината , имаат некакви информации, имаат и пристап преку медиуми , веб портали и лични контакти, меѓутоа кога зборуваме за консултирање и за нивно вкучување во процесите на одлучување тогаш резултатите се на некој начин и поразителни, изјави Невенка Лонгурова Гирова од Фондација за развој на локалната заедница
Анализата покажала и дека граѓаните повеќе практикуваат директна комуникација со општината, посочува авторот Кристина Хаџи-Василева од Консалтинг за стратешки развој – Скопје.
-Генерално постои одредена комуникација меѓу општините и граѓаните , во смисла на информирање на граѓаните, додека во делот на вистинско партнерско соработубавњ и донесување одлуки се соочуваме со предизвици кај општините. Анализата покажува дека граѓаните се уште сајкаат повеќе директен контакт со општините преку средби, додека за определени посебни групи на граѓани треба да се изнајдат специфични механизми кои што ќе помогнат полесно да се информираат тие групи граѓани, жените, лицата со посебни потреби, Ромите, изјави Кристина Хаџи-Василева од Консалтинг за стратешки развој – Скопје.
Проектот „ Зајакнување на партиципативната демократија “ финансиски е поддржан од ЕУ.