Давидовиќ: Сериозно да се разгледаат барањата на угостителите

Портпаролот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово, Милан Давидовиќ, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика, побара со сериозност да се разгледаат барањата на угостителските работници.

Според него, Македонија во континуитет ја губи битката за привлекување на странски инвестиции, а економските политики на Владата одат во прилог само на соседните држави.

-БДП во вториот квартал има пад од 12,7 отсто, а странски инвестиции од 137 милиони евра, без притоа да се отвори ниту една нова фабрика во зоните во изминатите неколку години.Имаме драматично намалување на извозот, каде во месец април има пад од 60%. Имаме катастрофално низок раст на македонската економија од само 0,2 % , додека паралелно Србија има со раст од  5%, Бугарија од 1,2% . Поразителна е ситуацијата во реалниот сектор, каде над 15 000 луѓе во последните три месеци го имаат изгубено своето работно место, изјави Давидовиќ.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека ниту Куманово не е исклучок и силно ги чувствува катастрофалните економски последици, посочувајќи го фактот што  голем број наши сограѓани го изгубија своето работно место за врме на корона кризата.

-Голем број кумановски компании се доведени до работ на егзистенција и со чувство дека се оставени сами. Неопходно е Владата сериозно да пристапи и кон решавањето на Корона кризата, и кон решавањето на економската криза, и да преземе сериозни мерки кои ќе го помогнат стопанството, рече Давидовиќ.Тие се сериозен сектор кој вработува голем број на луѓе. Истовремено, предлагаме да се разгледа можноста да се дозволи почеток со работа на сите дејности кои се уште се под забрана, нормално согласно прецизни утврдени здравствени протоколи. Оваа лоша состојба во економијата, налага неопходно  пакетите за поддршка на стопанството да важат и за месец јули и август, додаде Давидовиќ.

Според Давидовиќ, крајно време е за вистинска поддршка на стопанството, а не за голо политиканство.