Двајца кумановци физички нападнати од неколку лица

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека ноќеска двајца кумановци на возраст од 18 и 22 години пријавиле дека на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, неколку лица физички ги нападнале, при што употребиле и тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)