Двајца новозаболени и двајца починати од Куманово и Липково
Два нови случаи на ковид- 19 во изминатото деноноќие регистрира Центарот за јавно здравје Куманово. Според директорот Ариф Љатифи, едниот од новозаболените е од Општина Куманово, а другиот од Општина Липково.
Инаку, во последните 24 часа направени се 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на коронавирусот во земјава, најмногу во Скопје, 140.
Министерството за здравство информира и за девет починати лица како последица на компликации од вирусот ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица од Скопје на возраст од 47, 78 и 85 години.
Во ГОБ „8 септември“ починале четири лица на возраст од 61 до 69 години, од Скопје, Куманово и Тетово.
Во ОБ Куманово починал пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, а во ОБ Охрид пациент на 83 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти , меѓу нив е еден кумановец.
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469.