Две лица приведени по физичка пресметка
Две лица од кумановското село Сопот се приведени осомничени дека физички нападнале три други лица по претходна расправија.
Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Ф.(37 години) и М.Ф.(25 години) двајцата од село Сопот затоа што според пријавеното во Куманово околу 20 часот пријавените заедно со уште едно лице по претходна расправија физички ги нападнале со тврди предмети М.Л.(25 години), Ф.А. двајцата од Куманово и С.А., информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.