Фондацијата за култура и спорт при општина Куманово ќе организира дводневна предновогодишна забава за најмалите.
На 27-ми декември во Занаетчискиот дом ќе се одржи новогодишна детска претстава со почеток во 11 часот, а во 20 часот концерт ќе одржи оперскиот пејач Дарко Тодоровски.
Утредента забавата продолжува на градскиот плоштад, кога во 16 часот најмалите ќе имаат можност да уживаат во новогодишно шоу на жонглерот и аниматор Дарко Ѓурчиновски.
Еден час подоцна ќе пристигне Дедо Мраз и ќе се одржи дефиле на маскоти.
Од 18 часот ќе започнат и концертите, а ќе настапат Teen Camp, Дупер и кумановецот Тајзи.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.