Дебата во Куманово под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“

„Караванот на министерството за јавна адмистрација денеска е во општина Куманово каде што јас спроведуваме кампањата под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“. Ова е втора дебата која што се организира под покровителство на јавната администрација со соработка со ЗЕЛС. Ние досега од собраниска процедура повлековме три клучни, според нас закони кои што ги квалификуваме како почеток на реформите во јавната администрација. Се работи за Законот за вработување во јавниот секктор, Законот за административните службеници и предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерството за јавна администрација отпочна еден циклус на дебати, јавни расправи, работилници, со крајна цел да дојдеме до еден заклучок во кој што ќе ги вклучиме сите страни кои што се заинтересирани за овој процес во еден транспарентен, слободен, демократски процес, да ги чуеме ставовите, мислењата на сите кои што се засегнати од овие закони. Да потенцирам, ова е втора дебата во рамките на ЗЕЛС, благодарност до ЗЕЛС на можноста да отвориме вакви дебати, се надеваме дека овие расправи ќе траат некаде до октомври со цел сите овие предлог законски решенија ги вратиме во собраниска процедура до крајот на годината. Нашата цел за разлика од минатата Влада, е да имаме еден отворен процес, во кој што сите сугестии како министерство кое што е отворено за сите ќе ги разгледаме и по можност ќе ги вклучиме во сите овие предлог-законски решенија. Се надевам дека оваа дебата ќе даде посебен придонес во подобрување на сите овие законски решенија за кои што сметаме дека нема да бидат не паушални, туку солидно содржински направени да бидат квалитетни, а најважно од се да бидат системски и понатаму следи процесот на имплементација на овие закони“, изјави Горан Минчев, министер за јавна администрација

Коментари

коментар(и)