Дел од населбата Перо Чичо утре три часа без електрична енергија

Поради планирани дефекти без напојување сo електрична енергија утре (28.01.2025 год.) од 09 до 12 часот ќе бидат корисниците на улицата „30 јули“, објектите околу ООУ „Христијан Карпош“, ул. „6 април“ и дел од ул. „Веселин Маслеша“ кај училиштето „Христијан Карпош“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, врз основа на податоци добиени од ЕВН Македонија.