По изјавите на поединци, одгледувачи на свињи на актуелните протести, пренесени на нашата телевизија во прилог протести на одгледувачи на 07-ми месецов, пристигна демант од Кланица БДА, која информациите ги квалификува како дезинформации.
Кланица БДА е единствено место одобрено од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија во кое се врши колење на исклучиво здрав добиток, проследен со здравствен сертификат и ушна маркица и исклучиво од таму излегува хигиенски здраво, контролирано и исправно месо, за коешто постои извештај од тестирање зависно од законските одредби кои ги дефинирала Агенцијата за храна и ветеринарство, вклучувајќи тестирања на трихинелоза и африканска свинска чума.
Секое парче месо се издава со печат и комерцијален документ од ветеринарен инспектор, кој служи како доказ дека месото е исправно пуштено во малопродажба. Сите други шпекулации во врска со работата на кланицата во однос на африканската чума се невистини, стои во демантот.