Денеска е светскиот ден на шегата

Први април секогаш е најинтересен ден за нашите најмлади сограѓани. Децата традиционално облечени во костими на своите омилени јунаци од бајките и под маски го одбележуваат денот на шегата.

Иако во Куманово не се организира првоаприлска манифестација, сепак дечињата, но и основците на денешниот ден маскирани одат во градинка, односно на училиште, а потоа спонтано со веселите маски во помали групи дефилираат и на градскиот плоштад.

Годинава, поради неповолните временски услови, дечињата беа во помал број, но сепак најупорните претпладнево излегоа плоштадот да го одбележат денот на шегата.

Инаку, во Куманово традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија” вообичаено се одржува во мај месец на градскиот плоштад, со претходно дефиле на учесниците низ централното градско подрачје.

Маскенбалот е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.
На минатогодишниот  маскенбал беа претставени 15 групни маски со повеќе од 500 учесници.