Десетта изложба „Кумановски графики 2024“

Десетатта по ред изложба на графики „Кумановски графичари 2024“ е отворена вчаревечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Изложбата содржи 22 графики во повеќе техники, изработени во последните неколку години од кумановски графичари, Александар Стефановски, Валентина Илијевска, Зоран Јакимовски, Милена Арсовска, Мирослава Цветковиќ, Симона Јакимовска, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, Тања Соларска-Темелковски и Ханифе Ислами.

За изложбата пред присутните говореше проф. м-р Стефан Јакимовски, активен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ, Друштвото на ликовни уметници на Куманово-ДЛУК,Фото кино клуб „Козјак” и Интернационалната дизајнерска асоцијација CEIDA(ЦЕИДА).

 „ Зад секоја слика, графика или отпечаток, стои еден целосен свет на мисли, чувства и приказни кои чекаат да бидат откриени од Вас.

Графиката не е само форма која што се мултиплицира – таа е процес на истражување, експериментирање и, можеби најважно, на изразување на личната визија за светот.

Ако ги погледнете авторите кои се пред Вас, гледате ли луѓе кои не се плашат да критикуваат, да истражуваат и дури да поттикнат хаос, за да создадат отпечаток на душата на Куманово“?, рече Јакимовски.

 

 

 

Коментари

коментар(и)