ВИДЕО: Десетто издание на „Малински фото фестивал“
Од 30 мај до 01 јуни годинава во Куманово и Штип ќе се одржи десеттото издание на „Малински фото фестивал“. Организатор на фестивалот е Фото клуб „Куманово“.
„Овој настан, именуван и посветен на Малински- првата фотографска фамилија од Македонија, од ентузијастичен собир на локални фотографи, успеа да прерасне во најпрестижниот фотографски настан на Балканот. Интересот расте од година во година, привлекувајќи илјадници посетители и учесници годишно“, велат од Фото клуб Куманово.