Десет години од акцијата во „Диво насеље“ , утре панихида во „Свети Никола“

Куманово утре одбележува десет години од загинувањето на осум припадници на безбедносните сили во акцијата во населбата Тоде Мендол ( т.н. Диво насеље).

По тој повод утре со почеток од 11 часот во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово ќе се одржи панихида во нивен помен, информираше Предраг Петрушевски – Бинго, претседател на Здружение на бранители Куманово.

Еден час подоцна, пред спомен плочата поставена во нивна чест пред зградата на Секторот за внатрешни работи Куманово ќе се положи свежо цвеќе и ќе биде изложена Книгата на жалост.

Во акцијата на безбедносните сили во  населбата Тоде Мендол  на 09 и 10 мај 2015 година животот храбро го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.