24 деца над пет годишна возраст од различна национална припадност се дел од тридневна креативна работилница во организација на Музеј Куманово. Работилницата насловена „Сподели богатство“ има за цел осознавање и доближување на културното наследство до најмалите.
-Овој проект е уште од лани предвиден , кустосите кои што работат во музејот беа на мислење дека музејот е на некој начин затворен за предучилишните групи и оваа работилница е токму тоа, младите кои што веќе тргнале на училиште од најмала возраст да се запознаат со придобивките на културата во регионот на Kуманово , да се запознаат со културното богатство, изјави Дејан Ѓорѓиевски, директор на НУ„Музеј“
На работилицата децата учеа за музејските предмети и нивната вредност, улогата на музејските работници , како и за значењето на музеите.
-Проектиот е осмислен да се вклучат и деца од албанска и од сите други националности, заедно да увидат дека има заедничко културно богатство и да им се вроди љубов кон старините, кон минатото, кон историјата, кон музејот, а само со таква љубов кон заедничкото минато можеме да се надеваме на заедничка иднина, изјави Дејан Ѓорѓиевски, директор на НУ„Музеј“ Куманово
Учесниците иако првпат се дел од креативна работилница тие со голема заинтересираност и посветеност ги цртаа различните предмети кои што се дел од изложбената поставка во музејот, разни вази, народни носии и слично.
Ликовните творби од овие работилници ќе бидат употребени во изработка на првиот промотивен флаер за музејот наменет за деца, посочуваат надлежните. Проектот е во рамките на годишната програма за 2017 –та година и е поддржан од министерството за култура.