Во просториите на уметничката галерија неделава се одржа традиционалната детска ликовна работилница, која оваа година се реализираше по деветти пат. Работилницата се реализираше под стручното раководство на ликовниот педагог Елена С. Радошевиќ, а во неа учествуваа ученици од основните училишта од Куманово, кои преку боите, формите и сопствената имагинација имаа можност да ги изразат своите идеи, чувства и креативен потенцијал.
Проектот „Сподели богатство – млади кумановски ликовни уметници“ има за цел да ги поттикнува и афирмира младите ликовни таленти, да создава можности за нивно креативно изразување и да ја зајакнува врската меѓу образованието, културата и уметноста.
Автори на проектот се виш кустос Неда Митковска и виш документатор Габриела Митевска.