Детскиот ликовен камп „АСНОМ“ завршува утре во ресторан Грација
Триесетина основци и средношколци и корисници на лиценцираниот центар за рехабилитација и реинтерграција „Порака наша“ годинава учествуваат на петнаесеттото издание на детскиот ликовен камп „АСНОМ”, кој се одржува во ресторан Грација.
На тридневната ликовна колонија учесниците изработуваат дела во 3 техники под менторско на ликовните педагози Симона Јакимовска и Елена Спасовска – Радошевиќ, ангажирани од Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Ликовните дела ќе бидат изложени утре (25 јуни ), во ресторанот Грација, кога ќе биде затворена овогодинешната уметничка манифестација.