ВИДЕО: Димитриевска: 74 отсто реализација на капиталните приходи во однос на планот

65 проценти се реализирани тековно оперативните буџетски приходи во однос на планираното, а 74 отсто во однос на планот е реализацијата на капиталните приходи. Ова, меѓу останатото, беше посочено на седницата на Советот на која беше усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Куманово за IV квартал од 2024 година.