Димитриевски, Вучевиќ и Јовановиќ во посета на ООУ „Карпош“

Во рамки на одбележувањето на Денот на Свети Сава, националниот празник на Србите кои живеат во Македонија, вчера во ООУ “Карпош” – с.Умин Дол, градоначалникот Максим Димитриевски беше домаќин на високи државни претставници од Република Србија, потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ со неговата делегација и амбасадор на Р. Србија, Невена Јовановиќ.

Учениците заедно со своите наставници приредија пригодна културно – уметничка програма во духот на православниот просветител и закрилник на српскиот народ, Св.Сава, пред гостите од соседна Србија.

-На задоволство на учениците и нивните наставници гостите присуствуваа на наставен час, каде низ дружење и разговор се запознаа со начинот на изведување на наставата на српски јазик и условите во училиштето кое што беше целосно реконструирано, напиша  градоначалникот Димитриевски.