Димитриевски: Граѓанскиот концепт се шири, ново здружение во Тетово

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски информираше дека во Тетово е формирано граѓанското здружение „За заедничка иднина” – Тетово.

-Одржавме средба со иницијативниот одбор и за претседател на здружението во Тетово е избран Небоиша Захариевски. Граѓанскиот концепт се шири, граѓаните ги препознаваат нашите вредности. Продолжуваме…” истакна Димитриевски.

Претходно беа формирани граѓански здруженија во Куманово, Прилеп и Крушево.