Димитриевски и Стојчевски го посетија опожареното село Кокошиње

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска заедно со командирот на ТППЕ Куманово Деан Илиевски и пратеникот Даниел Стојчевски го посети селото Кокошиње, кое втор ден е зафатено од пожари.

„Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово се на терен и деноноќно работат на гаснење на пожарите, во соработка со месното население.  Во текот на вчерашниот ден имаше 11 активни пожари, од кои 10 се изгаснати, а денеска има 2 нови и активни. Исто така имаше повеќе интервенции на пожари од помали размери: во населбата Перо Чичо, Спомен костурница “Зебрњак”, с. Никуштак, во близина на филтер станицата. Денес, исто така, Центарот за управување со кризи најави воздушна поддршка во гаснење на пожарот во најзагрозеното место во областа на с. Кокошиње“, објави на ФБ Димитриевски.