Димитриевски: Најостро ги осудувам немилите настани што се случија ноќеска во Куманово
Градоначалникот Максим Димитриевски ги осуди настаните од ноќеска и ги повика надлежните институции да ги откријат и казнат сторителите.
-Најостро ги осудувам немилите настани што се случија ноќеска во центарот на Куманово – опожарување на деловен објект и автомобили.
Ги повикувам надлежните институции професионално и навремено да ги дознаат сторителите и да се изречат соодветни казни. Ваквите дејствија не треба да дозволиме да се случуваат никаде во државата, објави Максим Димитриевски.