Димитриевски: Нема да ги разочарам тие што гласаа за мене како независен кандидат

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за печатениот медиум Фокус на прашањето каков статус има во моментов во СДСМ, тој потенцираше дека ова прашање треба да се упати до актуелното раководство на СДСМ.

„Мислам дека ни тие самите не знаат каков е мојот статус во партијата. Но, правно-формално, согласно статутот на партијата, јас сум сè уште член на СДСМ. За мене ова е апсолвирано прашање. Јас мојата политичка иднина ја гледам како составен дел на едно големо граѓанско движење на национално ниво кое што ќе има за цел да ја стабилизира државата и да ја направи самоодржлива и власта да врати кај граѓаните преку нивни легитимни претставници коишто ќе имплементираат политики од општ интерес на државата и граѓаните, а ниту во еден случај како сега да создаваат узурпирана и приватна држава во функција на политички субјекти и поединци коишто истите ги владејат инокосно како приватни компании“, меѓу другото, вели Димитриевски.

Коментари

коментар(и)