Димитриевски: Неопходен е сериозен ангажман на локално и национално ниво, за да сите заедно се избориме против дискриминацијата

-Денеска се одбележува 8 Април, Меѓународен ден на Ромите, кој официјално е прогласен во 1990 година, на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Роми во Полска. Денеска се слави ромската историја, култура и традиција, како потсетување дека само сплотени и единствени можеме да дејствуваме на подигање на граѓанската свест за проблемите, со кои се соочуваат припадниците на оваа етничка заедница.

Сакам да потенцирам дека е неопходен сериозен ангажман на локално и национално ниво, за да сите заедно се избориме против дискриминацијата, со цел ромскиот народ да добие подобар пристап до вработување, образование, домување и здравство.

Општина Куманово ќе продолжи во насока на остварување на реалните потреби на нашите сограѓани, остварувајќи ја целта за овозможување на социјална интеграција, еднаков пристап и развој на припадниците на ромската заедница.

Нека е среќен и вечен 8 Април, Меѓународен ден на Ромите! – напиша Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.