Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска информира дека почната е реконструкција на кровот на спортската сала во Куманово.
„Старата бакарна покривка уредно се демонтира и складира на заштитено
место и ќе биде предмет на продажба на јавна аукција, а средствата ќе се
реинвестираат назад во објектот. Да го вратиме сјајот на нашата
убавица“, вели Димитриевски.
