ВИДЕО: Директорката Мила Жибак Димковска гостин во „СТАВ“

На што се должи зголемениот интерес за средното стручно образование, дали инвестирањето во дуалното образование е инвестиција во реалниот сектор и можност компаниите да учествуваат во креирањето на потребниот кадар, кои профили од струките во СОУ „Перо Наков“ се најатрактивни за учениците, има ли потенцијални професионални уметници и спортисти кои што своето средно образование го стекнале токму во стручното училиште во Куманово кое успешно опстојува од 1945-та година?  

Ова се само дел од темите на кои вечерва во „СТАВ“ разговараме со директорката на СОУ „Перо Наков“, Мила Жибак Димковска.

Емисијата започнува во 20 часот.