Директорот Ненад Стојановски гостува во „СТАВ“
Како да се заштити урбаната опрема од несовесните граѓани, што преземаат општината и комуналното претпријатие во врска со депонијата Краста, го даваат ли посакуваниот ефект бесплатните акции за собирање на кабаст отпад, какви се очекувањата од претстојните натпревари на машкиот кошаркарски клуб Куманово? На овие и на многу други теми вечерва во „СТАВ“ разговараме со Ненад Стојановски, в.д. директор на ЈП „Чистота и зеленило“.
Емисијата е со почеток во 20 часот на ТВ Плус.