Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 28.12.2025 во 21:50 часот во СВР Куманово, Р.З. (44) од Куманово пријави дека неговата 13-годишна ќерка М.З. се оддалечила од семејниот дом, која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 26.10.2025, првопријавениот физички ги нападнал неговите малолетни деца и неговата сопруга, а потоа при негово приведување физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Додека, второ и третопријавениот ги спречувале полициските службеници при вршење службените дејствија.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против K.T.(51) од Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.12.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, управувано од пријавениот, при што во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана.